Pravoslavlje

Diskusije oko religija u svijetu ...
Avatar
Bausstelac
Svakodnevni prolaznik
Svakodnevni prolaznik
Postovi: 403
Pridružen/a: 01 Apr 2010 01:38

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la Bausstelac » 19 Avg 2010 23:27

Mic_Sokoli je napisao/la:Ja mislim da je taj raskol poceo podjelom rimskog carstva na Istocni i Zapadni dio,a te druge razlike koje si nabrojala su vremenom nikle(mozda iz razloga da bi se sto vise ralikovali jedni od drugih.
Za mene ne predstavljaju samo Katolici i Pravoslavci Kriscanstvo ............ima tu jos ....npr Arianci koji su skoro unisteni od strane katolika itd itd....
Vidis Mic,do pre pola godina mislio sam da nepostoje oni krscani za koje Kuran kaze da ispravno vjeruju,ali sreo sam jednog Svabu,i iznenadili su me njegovi stavovi.Covjek je sam poceo pricati kako je trojstvo u Krscanstvu ubaceno,i kako biblija uci da se vjeruje u Jednog Jedinog Boga !!!!
"Smrt je jedna,pa zato neka bude na Allahovom putu"

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la JAS » 28 Avg 2010 12:40

Успение на Пресвета Богородица

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, Таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син. Целото време до смртта главно го помина во Ерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора. Од Нејзините подолги патувања се спомнува Нејзината посета на Св. Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на Светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и бавењето во Ефес со Свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Ерусалим. На старост Таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да Ја земе од овој свет. Еднаш Ѝ се јави архангелот Гавриил и Ѝ објави дека по три дена ќе биде упокоена. Тогаш Ѝ даде една палмова гранка за да ја носат при Нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ Ѝ ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест. Апостолите го зедоа одарот со Нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на Светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак. Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверува во Господ Исус Христос, беше исцелен. Апостолот Тома повторно по Божја Промисла изостана, за така да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас вавек“. На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la JAS » 11 Sep 2010 09:51

Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител 11/09/2010


Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто сѐ уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. И пијан и занесен од таа игра, Ирод ѝ вети на танчерката дека ќе ѝ даде сѐ што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка ѝ, Салома ја побара главата на Свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место. Што стана понатаму со главата на Светиот Предвесник опишано е под 24 февруари. Но набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна. За да ја измие честа на својата ќерка кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија. Како прогонети Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула). Смртта на Свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 29 август е востановено затоа што тој ден е осветена црквата којашто на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија Светиот цар Конастантин и неговата мајка, Светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј.

Avatar
carobnjak_iz_voza
Svakodnevni prolaznik
Svakodnevni prolaznik
Postovi: 316
Pridružen/a: 19 Maj 2010 22:01

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la carobnjak_iz_voza » 24 Sep 2010 19:11

Mic_Sokoli je napisao/la:Imam kritiku na Srpsku pravoslavnu Crkvu .........khm khm khmm

Naime,uskoro na Kosovu treba da bude ustolicenje novog Patrijarha ....i pored izrazene Zelje i spremnosti Albanskog politickog vrha da prisustvuje tom cinu,SPC odbija da ih pozove tj da im dozvoli da prisustvuju tom aktu.
Licno smatram da Albanci moraju prisustvovati tome,makar morali dovesti Albanskog patrijarha Albanske pravoslavne crkve iz Albanije,odbiju li i njega,treba pokrenut postupak proglasenja heretickom SPC.....jer time bi dokazali da je srpstvo na prvom mjestu a ne Pravoslavlje ........... :D kontas
Ja kontam [icon_e_ugeek.gif] ali oni taj problem mijesanja patriotizma i religije imaju jos od osnivanja Spc i cisto sumnjam da ce ga rijesiti,kad vec dosad nisu. Elem,ali to nije nas problem,jedino nam moze posluziti kao primjer greske na kojoj mozemo uciti, i upravo je to ono sto ja stalno ponavljam nasim bosancima,patriotizam je donekle ok ali ga se ne moze stavljati ispred Islama

Avatar
Bebana_de
Velicanstvo Foruma
Velicanstvo Foruma
Postovi: 6786
Pridružen/a: 11 Jan 2009 21:27
Lokacija: put u Ljubicastom

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la Bebana_de » 24 Sep 2010 20:02

Mic_Sokoli je napisao/la:
Ja kontam ali oni taj problem mijesanja patriotizma i religije imaju jos od osnivanja Spc i cisto sumnjam da ce ga rijesiti,kad vec dosad nisu.
Meni je to novo,ustvari primjetio sam da je tako pa me zainteresovalo dal medju srbima pravoslavcima ima i onih koji ukazuju na to,pa sam pratio diskusiju o tome u vezi ovog novog patrijarha i primjetio da ima onih koji pozivaju na to da je vjera jedno a nacija drugo......

patriotizam je donekle ok ali ga se ne moze stavljati ispred Islama
mnogi to rade iz neznanja,al sam siguran da pravi Muslimani znaju da je Islam na prvom mjestu
[Happy.gif]
Jedan Zivot gde,prestajem Ja,gde pocinjes Ti
jedna Ljubav,gde stali smo Mi gde sad su Drugi


http://www.youtube.com/watch?v=BpgmT9u0fDM

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la JAS » 27 Sep 2010 10:52

Крстовден
(Воздвижение на Чесниот Крст) 27/09/2010


На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la JAS » 20 Nov 2010 11:20

Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни 21/11/2010

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нѐ помилува Бог и да нѐ спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la JAS » 05 Jan 2011 12:06

05.01.2011 "Свети Наум Охридски Чудотворец"

911.- Во манастирот "Свети Наум", на брегот на Охридското Езеро, умре Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Наум беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимаваше со литературна дејност, но неговите текстови се уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. Роден е во првата половина на деветтиот век.

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествени­от Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со послед­ниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугари­ја, Пли­ска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охрид­ско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина послед­ните 10 години од животот. Мирно се успокои во Господа, ка­ко монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

Avatar
Bebana_de
Velicanstvo Foruma
Velicanstvo Foruma
Postovi: 6786
Pridružen/a: 11 Jan 2009 21:27
Lokacija: put u Ljubicastom

Re: Pravoslavlje

Post Postao/la Bebana_de » 19 Jan 2011 23:10

BOGOJAVLJENJE (19.01) NE ZABORAVITE DA U PONOC (nocas) IZADJETE NAPOLJE I POMISLITE ZELJU !

slika
Jedan Zivot gde,prestajem Ja,gde pocinjes Ti
jedna Ljubav,gde stali smo Mi gde sad su Drugi


http://www.youtube.com/watch?v=BpgmT9u0fDM

Odgovorite