Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Diskusije o politici sa prostora ExYu ...
Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 12 Maj 2010 22:14

andro je napisao/la:ÄŒETVERO MRTVIH
Oružani sukob na granici Makedonije i Kosova!


U oružanom incidentu između makedonske policije i naoružane kriminalne skupine, koji se dogodio u noći od utorka na srijedu, poginule su četiri osobe koje su pokušale u putničkom vozilu ilegalno prenijeti veću količinu oružja, potvrdila je u srijedu makedonska policija.
Prema priopćenju policije, do sada je utvrđen identitet dvojice makedonskih državljana i jednog državljanina Kosova. Oni su, zajedno s četvrtom osobom čiji identitet još nije utvrđen, protekle noći ubijeni u razmjeni pucnjave s makedonskom policijom kod sela Raduša, u blizini kosovsko-makedonske granice, prilikom pokušaja da u kombiju prenesu veću količinu oružja. Raspoložive informacije upućuju na to da je četvrtak osoba također s Kosova, dodaje policija.

Glasnogovornik makedonskog Ministarstva unutarnjih poslova Ivo Koteski izjavio je na tiskovnoj konferenciji da je policija prethodno bila obaviještena o transportu nelegalnog oružja. "U pokušaju policije da zaustavi kombi otvorena je vatra na policajce, koji su uzvratili i ubili napadače", kazao je Koteski dodajući da je u njemu pronađena velika količina oružja.

Prije dva tjedna policija je na makedonsko-kosovskoj granici u blizini sela Blaca zaplijenila veliku količinu oružja pri čemu je bio ranjen pripadnik kriminalne skupine koja je pobjegla na Kosovo.



ma da....nazalost

Avatar
Bausstelac
Svakodnevni prolaznik
Svakodnevni prolaznik
Postovi: 403
Pridružen/a: 01 Apr 2010 01:38

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la Bausstelac » 12 Maj 2010 23:37

Sabur Lence Sabur [mmmux2.gif]
"Smrt je jedna,pa zato neka bude na Allahovom putu"

Avatar
Bausstelac
Svakodnevni prolaznik
Svakodnevni prolaznik
Postovi: 403
Pridružen/a: 01 Apr 2010 01:38

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la Bausstelac » 12 Maj 2010 23:43

evo jedna pjesma za Lence [smile.gif]

http://www.youtube.com/watch?v=U2xrwDWW ... re=related

i po pat proveri kade e roden Naum Petreski [smile.gif]
"Smrt je jedna,pa zato neka bude na Allahovom putu"

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 13 Maj 2010 08:03

Радуша - Четири лица загинаа во оружен инцидент што вчераутро се случи на патот меѓу скопските села Свиларе, Радуша и Рашче. Во заседа на МВР се убиени четворица шверцери на оружје, кои откако им било наредено да запрат со комбето во кое се превезувале, започнале да пукаат во полицијата. Станува збор за двајца македонски и еден косовски државјанин, а кај едно лице се' уште се утврдува идентитетот.

Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, овој шверцерски круг засега не се поврзува со големиот арсенал оружје што пред две недели беше запленет на Скопска Црна Гора. Јанкулоска тврди дека нема потреба за загриженост околу безбедносната ситуација во земјава.

Акцијата на полициските специјалци беше реализирана во три часот наутро. По добиените сознанија, полициските сили вршеле контрола на локалниот пат меѓу овие три скопски села. Откако на патот наишло бело комбе „мерцедес спринтер“, припадниците на МВР му сигнализирале да запре.

„Возачот го запрел возилото, ја подотворил вратата, но во тој момент другите три лица што биле во задниот дел, почнале да пукаат кон припадниците на полицијата“, изјави Јанкулоска.

Специјалците возвратиле, по што биле убиени сите четворица шверцери. Нивниот идентитет бил утврден врз основа на личните документи што биле пронајдени кај нив.

Двајца од нив се жители на скопските села Грчец и Мерово, еден е косовски државјанин, а кај четвртото лице не биле пронајдени никакви документи. Неофицијално, личните документи гласеле на имињата Кемал Фејзула од Грчец и Шабан Зенуни од Мерово, односно Џабер Шаља од Косово. Зенуни е шестообвинет во случајот „Мавровски работници“ и по него е распишана потерница уште од декември 2001 година. Телата на убиените се предадени на обдукција, а полицијата утврдува дали документите што биле пронајдени кај нив се вистински.

„Станува збор за лица што и' се добро познати на полицијата, особено едниот од нив, кој бил пријавен за напад врз овластено службено лице, а во отсуство е осуден на девет години затвор и по него била распишана меѓународна потерница“, велат од полицијата.

На локалниот пат што од Кондово и од Долно Свиларе води кон Рашче и кон Радуша, вчера беше мирно. Полицијата по само неколку часа од инцидентот, го расчисти теренот. Сепак, траги од крв и натаму беа забележливи на измиениот асфалт. Десетиците чаури, скршени делови од возилото, но и кованици од 10, 20 и 50 евроценти, ја дополнуваа сликата за инцидентот. Според полициски извори, комбето со фалсификувани прилепски таблички било натоварено во Косово, а потоа по илегален пат преку Радуша требало да замине во внатрешноста на земјава.

„Каде требало да заврши, рано е да се каже. Се' уште работиме на случајот“, велат од полицијата.

Мирно беше и во селата Радуша и Долно Свиларе. Жителите на Радуша велат дека од страната на Свиларе слушнале пукотници, а дека полиција кај нив во село „не влегува веќе со години“. Во Свиларе, село што е најблиску до местото каде што се случи инцидентот, велат дека пукотниците траеле неколку минути.

„Се слушаа бомби. Не знаевме што е работата, па се скривме во подрум“, вели еден повозрасен жител на селото. Тој вели дека утрото околу 7 часот кога училишниот автобус ги носел децата во Кондово, полициските специјалци го блокирале патот, бидејќи тогаш се повлекувале од местото на инцидентот.

Изрешетаното комбе, во кое имаше траги од куршуми буквално на секој дел, како и запленетото оружје вчера беа поставени во касарната во Ѓорче Петров.

Надлежните информираа дека биле запленети три рачни фрлачи, три вреќи гранати, шест автоматски и една полуавтоматска пушка, вреќа експлозив ТНТ, шест рачни бомби, еден рачен фрлач на гранати од 40 милиметри со 15 гранати, половина вреќа противпешадиски мини, две гранати за бесповлечен топ, кутија со 12 гранати за минофрлач од 60 милиметри, муниција за автоматските пушки, војнички чизми, амблеми на УЧК и мапа. Оружјето е од југословенско производство, а дел од него бил конзервиран и подолго време закопан во земја.

Со кого била поврзана оваа група и која била нивната цел - допрва ќе се утврдува. МВР засега не го поврзува овој случај со инцидентот од пред две недели кога македонската полиција беше нападната во близина на Блаце на границата со Косово. Тогаш беа откриени три бункери со оружје.

Според министерката Јанкулоска, овие две акции се „доказ дека нема причина за загриженост кај граѓаните, бидејќи полицијата има целосна контрола и располага со сите информации што се релевантни за безбедноста на Македонија и сигурноста на граѓаните“.

„Уште еднаш испративме јасна порака дека никакво насилство не може да се толерира и дека најостро ќе возвратиме на сите обиди за нарушување на безбедноста и загрозување на безбедноста на граѓаните и посебно на загрозување на сигурноста на полициските службеници, кои ги извршуваат своите редовни задачи“, оцени Јанкулоска.

Според неа, добро било што по првата акција на Блаце, „политичките партии, односно сите релевантни чинители и од Македонија, претставниците на меѓународните организации, но и од соседството се оградија од овие поединци и групи што имаат екстремни намери“. (Г.А.)

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 14 Maj 2010 10:29

Во Ново Село запленето оружје, муниција и експлозив, тројца приведени

Тетово, 14 мај 2010 (МИА) - Полицијата синоќа при акција во тетовско Ново Село заплени поголемо количество оружје, муниција и експлозив и приведе најмалку три лица, потврдија за МИА во МВР.

Акција за откривање нелегално оружје во тетовско Ново Село, кое се наоѓа покрај автопатот Скопје – Тетово, во близина на месноста Карпалак започна доцна синоќа. Полицијата вршела претрес во неколку куќи во селото во потрага по лица за кои се сомневаат дека биле дел од криминални активности и шверц на оружје.

Засега нема официјална потврда дека уапсените се дел од групата на Харун Алиу кој беше убиен на патот за скопското село Радуша додека во комбе превезувал поголема количина оружје.

Градоначалникот на општина Желино, Фатмир Изаири, потврди дека во Ново Село имало полициска акција, но незнаеше за исходот на претресите и кои биле причините за оваа акција. Полициски извори тврдат дека во синоќешната акција немало престрелки.

Avatar
Bausstelac
Svakodnevni prolaznik
Svakodnevni prolaznik
Postovi: 403
Pridružen/a: 01 Apr 2010 01:38

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la Bausstelac » 14 Maj 2010 23:29

Mic_Sokoli je napisao/la:Slavomakedonskite razuznuvacki sluzbi insceniraat nastani za da gi zastrasat Albancite i da ja destabiliziraat Drzavata,so toa sakat da go odvlecat Fokusot od sporot za imeto so Grcija.
Site strani se pomalku imat razbiranje za naucnata Fantastika narecena "anticko poreklo"....
Ne ke im uspee,ke morat brzo da se odlucat vo vrska so imeto..... :D
[eusa_clap.gif] [eusa_clap.gif] [eusa_clap.gif]

Nego denes citav na internet za Goce Delcev,i toj neumrel vo bitka protiv Turcite kako sto ucevme vo skolo,nego go fatile turskite janicari kako krade kokoshki vo nekoj kokosharnik pa go ubile [smile.gif]
"Smrt je jedna,pa zato neka bude na Allahovom putu"

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 15 Maj 2010 09:10

АПЕЛ НА ЛИДЕРОТ НА АЛИЈАНСАТА ЗА ИДНИНАТА НА КОСОВО
Харадинај: Вооружениот бунт во Македонија не го решава албанското прашање


Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, упати апел до лицата што ја загрозуваат безбедноста во Македонија да го остават оружјето оценувајќи дека нивните акции не помагаат за решавање на албанското прашање на Балканот.
Харадинај, кој е еден од главните носители на вооружениот бунт на Косово, истакна дека вооружените судири им нанесуваат штета на Албанците и ги фаворизираат другите.
Во интервју за телевизијата „Алсат“, тој објасни дека вооружените групи во Македонија му штетат на албанското прашање и ги повика сите поранешни војници и офицери да не го прифаќаат тој проект и да не му помагаат.
- Тоа не е проект што дава гаранции дека може да му помогне на албанското прашање во Македонија или во регионот - нагласи Харадинај.

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 25 Jun 2010 09:34

Десет години затвор за оружјето во Ново Село

ТЕТОВО - Демир Мифтари (50) од тетовско Ново Село е осуден на 10 години затвор за недозволено поседување поголемо количество оружје и муниција. Тоа е првостепената пресуда донесена во Основниот суд во Тетово, која беше објавена вчера. Освен тоа, Демир Мифтари останува во притвор до правосилност на пресудата.

Случајот со пронајденото оружје во куќата на Мифтари ја брануваше не само тетовската, туку и пошироката македонска јавност. Како што е познато, на 13 мај годинава по налог на истражен судија припадници на специјалната полиција извршиле претрес во куќата на Мифтари во Ново Село кај Групчин. Пронајдени биле три автоматски пушки од различно потекло, три пиштоли, два револвера, 1.000 куршуми од различен калибар, три пакувања експлозив ТНТ, спорогоречки фитил, три тромблонски мини, две рачни бомби, гумена палка и друго. Во акцијата на полицијата бил приведен Демир Мифтари и неговите тројца синови, кои по првичниот исказ, биле ослободени. Единствен обвинет беше Демир Мифтари. И за време на судскиот претрес тој признал дека е единствениот одговорен за оружјето и муницијата, дека еден дел му го дал негов пријател пред три-четири години, една автоматска пушка купил во Швајцарија, а остатокот бил од времето на воениот конфликт во 2001 година. (Г.Е.)

Odgovorite