Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Diskusije o politici sa prostora ExYu ...
Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 28 Apr 2010 14:58

"arheoloski pronalsci su dokaz da je ta teritorija bila naseljena Makedoncima,koje jedno od mnogih grckih plemena,koje nije imalo dodirnih tacki sa slavenima"

a bre Mic Mic.....Makedoncite po tebe bile pleme ????? hahahha kuti bre sramota!!!!

Nemoj da kazuvas nevistini, Makedoncite nikogas ne bile pleme....mozebi na tie teritorii togas ziveele poveke pleminja no makedoncite odsekogas bile narod (sto e sosema porazlicno od pleme)!!!

Grcite bile tie koi bile porobeni od Aleksandar koj bil Makedonec (sakal ti ili ne), a sosema e drugo prasanjeto dali makedoncite denesni se poistovetuvaat so togasnite anticki!!!

Koi Makedonci zemale naziv spored religijata???? Koi??? Slavomakedoncite?? Sakas da kazes deka muslimanite koi ziveat na teritorija na Makedonija se muslomakedonci?? Koga veke davas odredeni zaklucoci i mislenja preciziraj cii se tie mislenja!!!

Makedoncite se Makedonci i nemozat da bidat nisto drugo, a sosema e drugo toa kako nekoj se oseka spored religijata!!

Avatar
kajs
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1575
Pridružen/a: 10 Dec 2007 02:00
Lokacija: Afghanistan

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la kajs » 28 Apr 2010 15:36

ehehe

Ma da ja rekoh zbog vas dvoje da postavim ovaj film, a vi odmah jesu nisu. [Happy.gif] [Happy.gif]

Jest da nikako ne mogu da budem objektivan kad je JAS u pitanju [inlove.gif] al de neka fino mi bilo da ovo vidi

slika

al pazi te, kazem, vidi zastavu koju su postavili kod odgovora, sunce s juga [eusa_think.gif]
"Jer su naša mjerila drugačija i naša osjećanja dublja i toplija, jer se ne bojimo ni drugih ni drugačijih..."
Musa Ćazim Ćatic ...

Avatar
kajs
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1575
Pridružen/a: 10 Dec 2007 02:00
Lokacija: Afghanistan

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la kajs » 29 Apr 2010 11:57

Ma vas dvoje odmah za oci skacete [glupostpj9.gif]

Izgleda pogresih sto stavih onaj film [eusa_think.gif] ili sam pogresnu temu odabrao.
"Jer su naša mjerila drugačija i naša osjećanja dublja i toplija, jer se ne bojimo ni drugih ni drugačijih..."
Musa Ćazim Ćatic ...

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 30 Apr 2010 14:15

Полицијата нападната на Скопска Црна Гора

Македонската полиција била нападната вчераизутрина на македонско-косовската граница, во близина на Блаце, при акција за заплена на оружје скриено во три бункери. Поголема група униформирани и вооружени лица, кои го обезбедувале оружјето, отвориле оган врз полицијата, која се доближила до нив. Нема повредени припадници на македонската полиција. Престрелката се случила во тешко прооден шумски предел на падините на Скопска Црна Гора, на 2 километра североисточно од Блаце.

Според непотврдени информации, нападот го извршиле 12 вооружени лица, кои пребегале, најверојатно, преку границата кон Косово. Кружат информации дека еден од групата е тешко повреден, по што бил згрижен во Качаник, а оттаму бил префрлен во Приштина. Неофицијално повредениот потоа исчезнал. Од македонското Министерство за внатрешни работи нема потврда дали има повредени меѓу напаѓачите и каде се наоѓаат тие сега.

По добиени оперативни сознанија за скриена поголема количина оружје, полицијата вчера изутрина вршена проверки на повеќе локации од Бањански Рид кон Биљак.

„На една од локациите се пронајдени три бункери. Неколку лица кои биле во околината на оружјето отвориле оган кон

полицијата. Возвратено е од страна на македонските полицајци, по што напаѓачите се разбегале“, вели помошник-министерот за информирање во МВР, Иво Котевски. Напаѓачите се во бегство.

Според него, станува збор за огромна количина оружје и тешко вооружување, кое може да се користи за класична борба, но и експлозив наменет за терористички акции.

„Во бункерите се пронајдени противтенковски фрлачи, митралези и експлозив за терористички акции како ТНТ, пластичен експлозив, тајмери, каписли. Пронајдени се и униформи, радиостаници, елеци и голем број сандаци со муниција“, вели Котевски.

Увидот на полицијата траеше до попладневните часови. Оружјето е пронајдено на тешко прооден шумски терен, кој е тешко видлив со хеликоптер, во самата погранична зона со Косово.
1.jpg
1.jpg (27.26 KiB) Pogledano 407 puta.

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 03 Maj 2010 08:13

ОНА презеде одговорност за инцидентот на Блаце

02.05.2010 18:54



ОНА ја презеде одговорноста за инцидентот на Блаце. Преку соопштение испратено по електронска пошта до редакцијата на Алсат-М Телевизија, потпишано од извесен Арбен Селими и печат на УЧК се вели:

„Се информира албанската јавност во БЈРМ дека на ден 28.04.2010 кај месноста Студен на Скопска Црна Гора каде се наоѓал пункт за снабдување на ОНА нашите војници наидоа на заседа на вооружените сили на славомакедонците“.

Натаму во прогласот ОНА се огласува со неточна информација. Се вели дека исходот од акцијата на полициските специјалци е „еден убиен од страната на непријателот и еден полесно повреден војник од единицата за логистика на ОНА“.

„Ја информираме албанската јавност дека ОНА продолжува да дејствува на сите делови на БЈРМ каде има албанско население“.

По коминикето со партиски став се огласи владејачката ДУИ. Ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

Според ДУИ, она има еден легитимен командант. Лидерот на војната во Македонија беше и засекогаш ќе остане Али Ахмети, стои во реакцијата на ДУИ.

Ваквиот став на ДУИ според опозициската ДПА е заплашување не само на премиерот Никола Груевски, туку и на целата јавност. Во ДПА велат ДУИ се повампирува преку соопштенија на ОНА.
2.jpg
2.jpg (12.27 KiB) Pogledano 381 put.

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 04 Maj 2010 07:58

За Европската унија заканите од екстремистите се целосно неприфатливи

Повампирувањето на ОНА за експертите е само поединечен инцидент, кој не преставува никаква закана и опасност за повторување на воениот конфликт од 2001 година. Случајно или не, на деветгодишнината од започнувањето на оружениот конфликт во Македонија, се открија бункери со големи арсенали оружје, а ОНА повторно се јави со соопштение во кое ја презеде одговорноста и најави дека продолжува со дејствување.

По само три дена од акцијата на МВР на Скопска Црна Гора, во неделата по електронски пат беше испратено коминике до телевизија Алсат-М на кое стои потпис на извесен Арбен Селими и печат на УЧК. Во него покрај тоа што е наведено дека зад собирањето оружје стои таканаречената ОНА се тврди и дека таа и натаму е активна. Веднаш потоа со реакција се огласи и ДУИ, партија што произлезе по воениот конфликт во 2001 година. Оваа партија се прогласи за единствен легитимен наследник на ОНА и ги повика граѓаните да не подлегнуваат на вакви провокации. Вчера и евроамбасадорот Ерван Фуере истакна дека такви соопштенија се
неприфатливи и наедно ја поздрави акцијата на МВР за откривањето на оружјето. Доза вознемиреност околу безбедноста на државата, но и предупредување до власта упатија и опозициските СДСМ и Нова демократија.

И додека се редеа дилемите за нашата безбедносна состојба, израелскиот шеф на дипломатијата, Абигдор Либерман, потенцира дека безбедносните закани за меѓународната заедница не доаѓаат од Балканот, туку светот се соочува со други закани и предизвици.

„Денес имаме постабилен Балкански регион. Македонија е многу добар пример за земја која придонесува за стабилноста не само на Балканот, туку и во Ирак, Авганистан, што е многу важно за постигнување на целта - безбедноста во светот“, изјави Либерман по средбата со својот македонски колега Антонио Милошоски.

„Се информира албанската јавност во БЈРМ дека на 28 април оваа година, кај месноста Студен на Скопска Црна Гора, каде што се наоѓал пунктот за снабдување на ОНА, нашите војници наидоа на заседа на вооружените сили на славомакедонците“, се вели во коминикето во кое се наведува и дека исходот од тој инцидент е „еден убиен од страната на непријателот и еден полесно повреден војник од единицата за логистика на ОНА“.

Евроамбасадорот Фуере на вчерашното предавање за ЕУ во Куманово го отфрли коминикето на ОНА, оценувајќи го како соодветен начин за справување со ситуацијата. „Соопштението испратено од ОНА е сосема неприфатливо за ЕУ. Знаете дека минатата недела заедно со САД и ОБСЕ издадовме заедничко соопштение во кое го осудуваме секое насилство и каков било обид и ќе повторам дека е неприфатливо тоа за нас“, изјави Фуере. Тој наедно ја поздрави акцијата на МВР, охрабрувајќи ја да продолжи со нивната брза и правилна реакција. „Сметаме дека ова е вистинскиот начин за целосно справување со ваквите случаи. Во минатонеделното соопштение ќе забележите дека го храбревме целосното спроведување на Рамковниот договор, кој останува единствена и вистинска рамка за целосно спроведување на обврските во овој контекст“, потенцираше Фуере.

Опозициската СДСМ ги осуди сите активности поврзани со радикални методи што го уриваат уставниот поредок на земјава, но истовремено ја повикуваат власта и особено МВР да ги преземе неопходните мерки. „Такви количини оружје, како и лиферување на извесни коминикеа на ОНА упатуваат на потребата МВР да ги преземе сите потребни дејства за навремено откривање и превенирање какви било активности и негативни појави од ваков тип. Ова е уште едно предупредување на сите политички фактори, а пред се' до власта колкаво внимание треба да се посветува на меѓуетничките односи“, порачаа од СДСМ.

Вознемирени за безбедноста во земјава се и од Нова демократија, од каде што укажуваат дека итно треба да се подобри вкупната состојба во државата, за која одговорност треба да понесат партнерите во владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Овие проблеми се многу сериозни и можат да бидат уште посериозно ако во континуитет се продолжува со овој игнорантски однос спрема албанското население и верувајте дека ситуацијата ќе стане уште посериозна отколку што мислиме“, потенцира пратеникот на Нова демократија Абедин Зумбери. Според него, не би било чудно да се повтори 2001 година, поради тоа што и по девет години од конфликтот, не се исполнува Рамковниот договор.

Со спротивно мислење за повторување на конфликтот е Благоја Марковски, експерт за воени прашања. Ваквата анализа тој ја базира на фактот дека актуелната внатрешна состојба битно се разликува од онаа во 2001 година и поради сегашната констелација на меѓународни односи.

„Моите процени зборуваат дека оружјето што е пронајдено на таа локација има поврзаност со подготовка за терористички акции со некакви групации на тој терен. Но, нивното дејство би било од локален карактер и место, но немаат никаква поддршка и не можат да предизвикаат некаков ефект на нарушување на безбедносната состојба“, вели експертот Марковски. Меѓутоа, тој упатува дека коминикето што е испратено е од некаква ОНА во која се останати незадоволни членови на оваа поранешна организација.

„Ова е еден дел од ОНА, која фактички никогаш не се разоружа, но сум убеден дека зад ова не стои Али Ахмети. Тоа се припадници од 2001 година кои или не ги добиле заслугите што им биле ветени тогаш или не можат да се помират со неостварувањето на сонот на паналбанизмот. И зад ОНА нема некоја поголема структура“, тврди Марковски.

Аналитичарот Назми Малиќи вели дека безбедносната ситуација во голема мера зависи од сериозноста на една влада и колку таа ги избегнува државните приоритети во замена за партиски интереси. „Мислам дека во секој момент перманентно треба да се следат коалиционите односи меѓу партиите, особено оние што ја сочинуваат власта. Тие треба да ја поделат одговорноста и да го зајакнат дијалогот со сите партии и актери кои на некој начин имаат влијание во градење на стабилноста во државата. Истовремено и секое одолжување на концептите Македонија да биде членка на НАТО и на ЕУ ќе продуцираат вакви сценарија“, порачува Малиќи.


4DE.jpg
4DE.jpg (16.12 KiB) Pogledano 364 puta.

Avatar
JAS
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1183
Pridružen/a: 07 Okt 2008 02:00
Lokacija: Macedonia

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la JAS » 04 Maj 2010 15:02

Hvala Bogu kulturan fin decko jedan [Happy.gif]

Avatar
kajs
Zvijezda na usponu
Zvijezda na usponu
Postovi: 1575
Pridružen/a: 10 Dec 2007 02:00
Lokacija: Afghanistan

Re: Former Yugoslav Republic of Macedonia-FYROM

Post Postao/la kajs » 04 Maj 2010 15:26

JAS je napisao/la:Hvala Bogu kulturan fin decko jedan [Happy.gif]
Da li je moguce da se i tebi svidi [Happy.gif]

E JAS da budem ljubmoran a [eusa_think.gif]


Nego ko se to zenio danas pa pucale te rakete do po pola Skoplja, aman sta vi to tamo radite :?:
"Jer su naša mjerila drugačija i naša osjećanja dublja i toplija, jer se ne bojimo ni drugih ni drugačijih..."
Musa Ćazim Ćatic ...

Odgovorite